Инвестирајте во Македонија

Bez autora
Oct 16 2011

Македонската економија се движи во насока на постигнување што поголема конкурентност. Затоа, министерот за економија Ваљон Сараќини во Приштина ги повика стопанствениците од Косово да инвестираат во Македонија. Искористете ги придобивките од ЦЕФТА Договорот со оглед дека вложувањата ќе го опфатат пазарот за потребите на 28 милиони жители. Интенцијата на македонската трговска политика е да создаде хоризонтална рамка која треба да ги поврзе поволностите на бизнис-климата, привлекувањето инвестиции и иновациите во знаењето. Ова ќе овозможи создавање нова структура на извозот и увозот, одржлив економски раст и подобрување на животниот стандард. Тој потсети дека Македонија донесе бројни стратегии за поддршка на индустриската политика, развојот на енергетските потенцијали, туризмот и промоцијата на извозот. Неодамна се вклучивме и во голем број програми што ги нуди ЕУ за поддршка на бизнис-секторот во земјите-членки, но и во државите-кандидати за членство. Идејата е финансирање стратешки проекти кои во случајов може да бидат од заемен интерес, со вклучување на косовските бизнисмени за реализирање по принципот на заеднички вложувања.

Инвестирајте во МакедонијаМакедонската економија се движи во насока на постигнување што поголема конкурентност.

Затоа, министерот за економија Ваљон Сараќини во Приштина ги повика стопанствениците од Косово да инвестираат во Македонија.

- Искористете ги придобивките од ЦЕФТА Договорот со оглед дека вложувањата ќе го опфатат пазарот за потребите на 28 милиони жители. Интенцијата на македонската трговска политика е да создаде хоризонтална рамка која треба да ги поврзе поволностите на бизнис-климата, привлекувањето инвестиции и иновациите во знаењето. Ова ќе овозможи создавање нова структура на извозот и увозот, одржлив економски раст и подобрување на животниот стандард - нагласи Сараќини.

Тој потсети дека Македонија донесе бројни стратегии за поддршка на индустриската политика, развојот на енергетските потенцијали, туризмот и промоцијата на извозот.

- Неодамна се вклучивме и во голем број програми што ги нуди ЕУ за поддршка на бизнис-секторот во земјите-членки, но и во државите-кандидати за членство. Идејата е финансирање стратешки проекти кои во случајов може да бидат од заемен интерес, со вклучување на косовските бизнисмени за реализирање по принципот на заеднички вложувања - рече Сараќини.

На бизнис-форумот фокус беше ставен на обнова и модернизација на постојната инфраструктура, на патниот правец Стенковец - Приштина преку Блаце, како и на граничниот премин Јажинце со проширување на патот Тетово - Јажинце и разгледување на можноста за градење нов терминал за стоки со цел олеснување на пристапот до пазарите во Македонија и Косово.

Приоритет на косовската Влада е подобрување на економскиот развој со реализирање конкретни активности од сите сфери во чија реализација е предвидено да се вклучат и стопанствениците од регионот.

- Најважни ќе бидат инфраструктурата и енергетиката, сфери во кои сакаме да учествуваат и домашните и бизнисмените од регионот за што ќе создадеме максимални услови - порача министерот за економија на Косово, Бесим Беќај.

Косово е на седмо место меѓу земјите - трговски партнери на Македонија. Вкупната размена се движи од 330 до 545 милиони долари годишно. Во првите осум месеци годинава достигна 390 милиони долари, што е 28 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik